Професионално лепење тапети

Покрај понудите за декорирање и молерски услуги, нашата компанија се занимава и со професионално лепење на тапети. Иако оваа гранка спаѓа природно во декорацијата на ѕидови, ние ја разграничуваме како посебна поради тоа што лепењето на тапети стана еден вид уметност која се применува во работата.

Не секој ѕид може да се декорира со тапет. Ние вршиме подготовка и премачкување на ѕидовите пред да почнеме да работиме. Исто така на нашите клиенти ги советуваме и нудиме избор пред да се одлучат кој тапет ќе го стават на својот ѕид.

Молеро-фарбарски работи

Од самиот почеток, ние се обидуваме да обезбедиме одличен квалитет и пред се брзо завршена работа, предизвик кој го наметнува денешното време и по кој сме препознатливи кај нашите клиенти.

Нашата основна дејност е украсување на ентериерот, со користење на различни бои и декоративни материјали со користење на различни техники, во комбинација со гипс и различни репроматеријали чија крајна цел е да останете вчудоневидени од сработеното.

Повеќе: Молеро-фарбарски работи

Декоративни работи

ГЕНШЕР дооел Скопје ви нуди изработка на декоративни работи доколку сакате да го оплемените просторот со декоративни материјали. Со помош на нашето долгогодишно искуство, можеме да ви помогнеме во изборот на техниката за која сакате да го изработиме декорот.

Модерните декоративни материјали  се многу практични. Ги задоволуваат сите пропишани стандарди, не се токсични и штетни по здравјето и што е најбитно достапни се со цена. 

Повеќе: Декоративни работи

Посетители

129542
ДенесДенес64
Овој месецОвој месец1640
Сите деновиСите денови129542