ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА
ГЕНШЕР дооел од Скопје е водечка компанија во полето на молерските услуги, со богато портфолио од успешно завршени проекти.
Компанијата е формирана во 2008 година, и како резултат на постојаното усовршување, истражување и анализа се наметнува како една од водечките компании за молерски и декоративни изведби.
Постојаниот развој, следењето на светските трендови во оваа област, усовршувањето и инвестициите, овозможуваат комплетна подготвеност и спремност во сите фази од работењето.
Компанијата ГЕНШЕР е исто така се препознатлива по својата работа поради квалитетот на материјалите и репроматеријалите кои ги користи при изведба, кои се еколошки и по сите прифатени стандарди на модерното време.
Традицијата продолжува со планиран развој и инвестиции во сопствено надградување работејќи со најсовремени системи за работа во рамките по светски стандарди за економични и еколошки мерки.
СОНУВАЈТЕ ВО БОЈА, А РЕАЛНОСТА БОЈАДИСАЈТЕ ЈА СО ГЕНШЕР!
Посетители






![]() | Денес | 18 |
![]() | Овој месец | 604 |
![]() | Сите денови | 122835 |