Декоративни работи

ГЕНШЕР дооел Скопје ви нуди изработка на декоративни работи доколку сакате да го оплемените просторот со декоративни материјали. Со помош на нашето долгогодишно искуство, можеме да ви помогнеме во изборот на техниката за која сакате да го изработиме декорот.

Модерните декоративни материјали  се многу практични. Ги задоволуваат сите пропишани стандарди, не се токсични и штетни по здравјето и што е најбитно достапни се со цена. 


ТЕХНИКИ НА ИЗВЕДБА НА ДЕКОРАЦИЈА

 

АФРИКА

е ексклузивен метализиран декоративен материјал за внатрешни површини со ефект на свила. Создава свиленкаста подлога која предизвикува сензација при допир, па така со својот изглед го прави просторот изненадувачки топол.

Декоративната техника Африка пружи удобност и префинетост на ентериерот, а со своите топли бои и сјај се креираат модерно уредени ѕидови, кои се во склад со модерното време и со модерното уредување на ентериерите.

 

 

 

СВАХИЛИ

e материјал чија колекција се состои од завршен премаз на водена база со метални честички, кои создаваат рефлексија на светлина и придонесуваат за убав футуристички дизајн. Со помош на овие честички овој декоративен премаз создава пријатна рефлексија на бои и светлина.

Го има во две варијант, сребрен свахил и златен свахил и е потполно нетоксичен и е без мириз.

 

 

 

АРТЕКО

е декоративен материјал со кој се карактеризираат специјални рустикални антички  ефекти, кои потсеќаат на декорација пронајдени во градски куќи кои датираат од времето на ренесансата. Оваа техника е посебно осмислена за места каде што се чуваат стари работи со рустикален тип и сл. 

Се користи како имитација за прикажување на стар ѕид, во мат или сјаен ефект. Може да се премачкува на камен ѕид, на дрво, на ново глетувани поврѓини и сл.

 

 

ШПАТУЛАТИ

е збир на техники кои ралични произведувачи го нарекуваат различно. Оваа техника најчесто се користи за оплеменување и декорација на ѕидови на племенити објекти за да ја подобрат состојбата на класичниот ентериер. Овој декоративен материјал е уште попознат како „лажен мермер.“

Во неговиот состав има прашина од камен, смеса која прима колоранти и масло кое на овој материјал му дава високо квалитетен сјај под кој се гледаат детали од рачната работа.

Овој материјал изгледа како непроѕирна паста изградена од природен камен, мат или сјаен ефект и структура на кршен камен или меремер во зависност од обработката.

Посетители

117473
ДенесДенес27
Овој месецОвој месец784
Сите деновиСите денови117473