Молеро-фарбарски работи

Од самиот почеток, ние се обидуваме да обезбедиме одличен квалитет и пред се брзо завршена работа, предизвик кој го наметнува денешното време и по кој сме препознатливи кај нашите клиенти.

Нашата основна дејност е украсување на ентериерот, со користење на различни бои и декоративни материјали со користење на различни техники, во комбинација со гипс и различни репроматеријали чија крајна цел е да останете вчудоневидени од сработеното.

МОЛЕРО-ФАРБАРСКИ УСЛУГИ

Нашата работа цврсто се базира на професионален пристап кон неа. Во состојба сме да понудиме професионални услуги за подготовка во објектот во кој ќе се работи, како и површината на која ќе се работи. Во услугите вклучуваме: 

  • заштита на просторот во кој ќе се работи
  • припрема на површината за работење
  • глетување
  • фарбање и кречење
  • контрола на квалитетот
  • чистење на просторот
     

Заштита на просторот

Пред да се започне, најважно е да се припреми просторот за работа каде ќе се вршат фарбарските активности. Доколку мебелот е подвижен настојуваме претпазливо да го отстраниме од просторијата, но доколку не може тоа да се изведе се поместува каде што најмалку ќе пречи во просторијата. Потоа следува заштита на подот како и на мебелот со специјална PVC фолија која се облепува по краевите со хартиена лента. Кога се ова е готово просторот е припремен за понатамошна работа.

Припрема на ѕидовите и плафонот

Откако ќе се заврши со заштитата на просторот се преминува кон припрема на ѕидовите и плафонот. Се вадата старите наслаги на тапети или боја од ѕидовите, потоа следува шлицување и бандажирање на пукнатини, пополнување на поголеми дупки и др. Оваа постапка се повторува најмалку уште еднаш. Откако ќе се исуши со шпакла благо се премачкува и се мазни површината и се нанесува основна подлога. Основната подлога се нанесува за глет масата подобро се залепи со материјалот, со што се продолжува векот на траење на сработеното.

Глетување

Под глетување се подразбира подрамнување на ѕидовите или плафонот, рачно или машински со глет маса.  Добро изглетуван ѕид може да се пребојува повеќе пати, што секако зависи од изборот на бојата. Користиме рачно глетување во мали објекти и простории, додека за поголемите користиме машинско глетување. Во зависност од материјалот кој ќе се нанесува над глетуваната површина, нанесуваме до 3 наноси на глет маса.  Еден нанос се става за лепење тапети, два наноси се ставаат кога се изведува класично боење, а три наноси се ставаат кога се користат тенкослојни акрилни бои. Потоа се пристапува кон шмирглање односно мазнење на изглетуваната површина. Колку полесно оди шмирглањето толку е повеќе квалитетна изработката.

Фарбање и кречење

Во зависност од желбата со каква боја сакате да ја обоите внатрешноста на објектот, се јавува разлика во цената при изведувањето на фарбањето и кречењето. За нас е важно да вие како корисник сте спремни што да очекувате од изборот на бојата.

Секогаш кога не избирате нас, вие избирате работа со квалитетни бои. Тоа е многу важен сегмент во боењето на вашите ѕидови. Втора работа е склопот на боите кои го избирате. Не секогаш бојата која ви се допаѓа е совршена за вашиот ентериер. Секогаш морате да припазите на функцијата и ориентацијата на просторот. Боите знаат да влијаат на раположението и комфорноста. Затоа кога боиме настојуваме да ја нагласиме пространоста и контрастот.

Контрола на квалитетот

По завршените молеро-фарбарски работи правиме детална контрола на веќе сработеното. Потоа со клиентите (по потреба) уште еднаш се обиколува изработеното, доколку има забелешки се исправаат.

Чистење на просторот

По завршувањето на работите доколку се е исправно, одиме во обратен редослед од заштитата на просторот. Се вадат фолиите од подот, се враќа мебелот во првобитната положба и грубо се зачистува. По нашата работа потребно е да направите само основно чистење.

Посетители

129599
ДенесДенес47
Овој месецОвој месец1697
Сите деновиСите денови129599